image

Seavus: Cisco Engage 2019 Technology Partner

During our workshops at the Cisco Engage 2019 conference, potential clients had an opportunity to see what it means to work with Seavus as a Cisco Premium partner. Thus they could get a glimpse into what we do, how we do it and how they could benefit from us both as a company and a vendor.

Read the interview with members of our Infrastructure Services team that attended Cisco Engage 2019: Nikolche Davchevski, Division Manager, Mile Piperkoski, Security Engineer and Anastasija Tochevska, Security Engineer.

 

More than 400 IT professionals attended the Cisco Engage 2019 conference where Seavus was a Technology partner. What are your first impressions of the conference?

Nikolche: Our first impressions were great! First of all, we are proud that, for the first time, Seavus participated at the conference with its stand. As all Cisco events that take place in October each year, this one, too, was of large proportions and with more than 400 attendees. This time, we sponsored the event as their Technology partner. Some of our colleagues were speakers at the event too. On our stand, we presented our new website for which we received some positive feedback from our clients and potential Seavus partners.

One of the main perks of attending the conference was the opportunity to do some networking with representatives from the local telecom and banking industry, some of the ministries, the National Bank, etc. Not only did we get to talk to them but also did some arrangements for future collaboration. Some of them participated in the workshop where they could get a more in-depth look into what we do and what we offer.

Mile Piperkoski was one of the speakers with a business presentation on the topic of „Discover the blind spots in your network”. Mile, could you tell us a bit more about the topic?

Mile:It was a pleasure to present all Seavus Infrastructure Services, especially the ones that meet the requirements of the local businesses and are related to their business strategies and future projects. It was important for them to see that they can rely on us as a serious partner.

As for the presentation itself, it was focused on the use of Cisco products that are not traditionally considered as security appliances, such as Firewalls or other security systems, but rather utilizing the network itself and all the information from it that could be used in order to prevent threats within the infrastructure, regardless if it is an on-premise infrastructure or in the cloud.

Umbrella deployment in 5 minutes was also presented during the demo-session about Cisco Umbrella. Anastasija, could you tell us the idea behind it?

Anastasija: A demo-session is a great concept, especially for a solution like Cisco Umbrella. This solution is a novelty that, since it is a first layer defense, uses the DNS mechanism itself to prevent attacks. The whole process of preparing the demo-session with my colleague Mile was very interesting since we had a lot of debates regarding the aspects on which we will focus since it is a multi-faceted area that is challenging to cover in a short demo. And so, we decided to briefly present a short deployment, i.e. to demonstrate the process in less than 5 minutes so that the audience could realize that everyone can integrate it into an existing infrastructure, regardless if it is a PC device or an existing infrastructure of a company. In the end, we demonstrated few integrations that could take place within the solution and delivered a brief insight into the reporting dashboard: basically, everything that could be done in a 40-minutes demo.

What does Seavus do in terms of infrastructure development?

Nikolche: In terms of infrastructure development, Seavus works not only on its corporate requirements but also to those of its clients; we work on automating multiple systems and offer it as a service to our clients. One of the key services in the region is the operating system automation. This reduces the workload in the infrastructures and the IT departments. But, above all, I would like to point out that this does not mean that there will be no need of a human factor in the process; it means that the time needed to integrate more end-user PCs or laptops will be reduced.

What are the implications of this? Well, instead of running 5 or 6 installations of operating systems per day, more than 100 such implementations could be done in the same amount of time. Of course, such services are fully tailored to the client’s needs. This is just one of the many services which are part of the infrastructure development.

Mile: : I would like to add that, when it comes to security, i.e. cyber-security within network infrastructures (and infrastructures in general), in the past, networking was only implemented to provide connectivity to the Internet or within a company. Today, we are already working on full integration of security within the network. This means that security should not be just one layer on top of the network, but rather being integrated fully in the infrastructure itself. Such a shift is achievable by using various models and tools. This is already a hot topic worldwide and it has become a local trend too because a full integration of such solutions means, above all, a better and safer customer experience.

And finally, what it means to work with Seavus as a Cisco Premium partner?

Nikolche: Infrastructure services single point of contact, and what does single point of contact mean for the client: it means that there will be no need to call all the vendor companies about the hardware or software used in their infrastructure but there will be a single point to make that call, report the issue and have that issues resolved. In fact, that was the goal of our workshops at the Cisco Engage 2019 conference: to get to know our potential clients and show them what it means to work with Seavus as a Cisco Premium partner. In that way, they gained an insightful overview of what we do and what are the advantages of working with us as a company and vendor.

 


   

За да ги запознаеме потенцијалните клиенти со тоа што значи за нив дека Сеавус е премиум Cisco партнер, се токму работилниците кои ги имаме со нив после Cisco Engage 2019.

Прочитајте го интервјуто со дел од нашиот Infrastructure Services тим кој присуствуваше на Cisco Engage 2019, Николче Давчевски, Division Manager; Миле Пиперкоски, Security Engineer и Анастасија Точевска, Security Engineer.

Повеќе од 400 ИТ професионалци беа присутни на Cisco Engage 2019 каде што Сеавус беше технолошки партнер. Кои се вашите први впечатоци од конференцијата?

Николче: Првите впечатоци од конференцијата се одлични. Пред сè, сакам да кажам дека сме горди што Сеавус за прв пат учествуваше и имаше свој штанд на Cisco Engage конференцијата. Овој настан, како и претходните настани на Cisco што се одржуваат во месец октомври секоја година, се едни од нивните поголеми настани каде што има над 400 посетители. Овој пат ние бевме еден од спонзорите, односно технолошки партнер. Дел од нашите колеги беа и говорници на настанот. На штандот беше презентиран нашиот нов вебсајт, за кој добивме многу позитивни коментари од страна на клиенти и потенцијални соработници на Сеавус.

Еден од најзначајните бенефити на конференцијата беше  можноста да се запознаеме со преставници од локалната телеком и банкарска индустрија, дел од министерствата, Народна банка итн. Имавме одлична можност да поразговараме но и да ја продолжиме комуникацијата за понатамошна соработка. Дел од нив веќе ни беа на гости и имавме можност преку работилници подобро да ги претставиме нашите услуги, а и да видат кај работиме и што можеме да им понудиме.

Миле Пиперкоски имаше бизнис презентација на темата „Discover the blind spots in your network”. Миле, кажи ни збор-два на оваа тема.

Миле: Ми беше задоволство да ги претставам инфраструктурните сервиси кои ние во Сеавус ги нудиме, особено поврзани со потребите на локалните компании, нивните деловни активности и идни проекти. Добро е да се знае дека во нас може да гледаат како на сериозен партнер.

Што се однесува до самата презентација, таа беше насочена кон употреба на производи на Cisco коишто не се традиционално безбедносни, како Firewall-и или други безбедносни уреди, туку искористување на самата мрежа и информациите што може да ги добиеме од мрежата сè со цел да се спречат заканите што се во рамките на нашата инфраструктура, без разлика дали е тоа интерна инфраструктура или инфраструктура во cloud.

На демо сесијата за Cisco Umbrella беше презентиран deployment на Umbrella за 5 минути. Анастасија, дали може да ни кажеш нешто повеќе за тоа?

Анастасија: Презентација на демо е одличен концепт, особено за едно решение како Cisco Umbrella. Конкретно ова решение е новост, затоа што е first layer defense, го користи самиот DNS механизам за да спречи напади. Интересно беше и тоа што со колегата Миле дебатиравме како тоа да го изведеме, односно од кои аспекти, бидејќи има повеќе точки коишто може да бидат покриени со ова кратко демо. Така, се одлучивме да им презентираме на кратко еден deployment, односно да покажеме дека процесот може да трае дури и помалку од 5 минути, и да видат дека секој од нас може да го интегрира во постоечката инфраструктура, без разлика дали во PC уред или во веќе постоечката инфраструктура на некоја компанија. За крај, покажавме неколку интеграции што може да се случат во рамки на решението и извршивме краток увид на reporting dashboard и онолку колку што може да се направи во едно демо за 40 минути.

На што работи Сеавус во однос на развојот на инфрастурктурата?

Николче: Сеавус во однос на развојот на инфраструктурата, не само за своите потреби како корпорација, туку и за своите клиенти, работи на автоматизација на повеќе системи и тоа го нуди како еден вид на сервис кон клиентите. Еден од позначајните сервиси тука во регионот е автоматизација на оперативниот систем. Во инфраструктури, во самите ИТ департменти, се постигнува намалување на обемот на работа. Пред сè, да напоменам, тоа не значи дека нема да има потреба од човечка работа, туку дека се намалува времето за коешто може да се направи интеграција на повеќе крајни кориснички PC компјутери, односно лаптопи.

Што значи тоа? Наместо за еден ден да се извршат 5 или 6 инсталации на оперативни системи на кориснички машини, може за тој еден ден да се извршат повеќе од 100 такви имплементации. Се разбира, тој сервис е целосно прилагоден за самиот клиент и потребите на клиентот. Тоа е само еден од многуте сервиси коишто се дел од развојот на инфраструктурите.

Миле: Во поглед на безбедноста, односно информатичка сајбер безбедност во рамките на мрежните инфраструктури, односно инфраструктурите вооошто, можам само да надополнам дека ако претходно во минатото за мрежата се сметаше дека треба да овозможи само некакво поврзување на крајните корисници со светот или во рамките на самата компанија, денес веќе се размислува на целосна интеграција на безбедноста во рамките на тоа поврзување. Тоа значи дека безбедноста не треба да биде како еден слој на целото мрежно поврзување, туку кога се мисли на мрежа, се мисли и на безбедност во самите инфраструктури. Тоа се постигнува со повеќе парадигми и алатки. На тоа се работи во светот, а веќе е тренд и кај нас, целосно интегрирање на решенијата за да се овозможи пред сè, едно безбедно корисничко искуство за компаниите.

За крај, што значи за клиентите тоа што Сеавус е партнер на Cisco?

Николче: Infrastructure services single point of contact, a што значи single point за клиентот: нема да има потреба да се јавува по сите компании каде што има купено хардвер или софтвер за својата инфраструктура туку дека ќе има едно место на кое што може да се јави да побара помош и проблемот да биде решен.

Пред сè, за да ги запознаеме потенцијалните клиенти со тоа што значи за нив дека Сеавус е премиум Cisco партнер се токму работилниците кои ги имаме со нив после конференцијата. Така најдобро може да знаат точно што работиме и што може да добијат и да извлечат од нас како компанија и снабдувач.